Мундијалот заврши порано за една судиска двојка

Светското првенство заврши за една од судиските двојки кои беа планирани за да бидат дел од натпреварите во завршницата откако беа позитивни на коронавирусот.

Се работи за судиската двојка од Данска, МадсХансен и Јеспер Јансен. Позитивен е еден од судиите, но двајцата мораат во изолација поради позитивниот тест на Хансен.

„Не испадна сè како што замислувавме и посакувавме. Крајот на турнирот за нас беше болен особено за Јеспер. За него ова беше деби на светските првенства и жал ми е што мораше вака на крајот“, коментира заразениот Хансен.

Со ова Данска останува без арбитри во завршницата, а меѓу главните кандидати за место во натпреварите за медалите се и Начевски-Николов кои продолжуваат да судат во Каиро.