Мулти Есенс со девет од девет

Тимот на Мулти Есенс ја забележа деветтата победа во исто толку натпревари во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Бранко Ангеловски славеа на гостински терен кај Шампион со убедливи 38-23.

Победникот беше најавен уште по првиот дел, кога новиот прволигаш направи солидна предност од четири гола, 15-11.

Димитар Узунчев даде шест гола за Мулти Есенс, а по пет постигнаа Дамјан Митев и Дамјан Георгиевски. Во составот на Шампион, Филип Спирковски и Ненад Билбилоски стреллаа по пет пати.

Во следното коло Мулти Есенс ќе игра дома со Овче Поле, додека Шампион оди на гости кај тимот на Кичево.