Митревски ја одбрани Македонија, ја однесе во вториот круг

Традицијата на победи против селекцијата на Чиле продолжи и денеска кога Македонија дојде до триумф број 6 во шестиот натпревар против оваа селекција обезбеден со 32:29.

Селекцијата на Чиле го зададе првиот удар кон голот на Митревски, а првиот избор за голот на нашата репрезентација имаше добро издание. Се спротиставуваше добро и ја држеше Македонија на негатива од гол до два.

Чиле имаше постојана предност, а некаде на средина од првото полувреме беше воспоставена рамнотежа и беа обезбедени 7:7. Повторно одбраната не беше на ниво и делуваше недоволно организирано бидејќи имаше премногу простор за лесен шут. Доколку Митревски не беше на ниво ќе беше многу потешко да се остане во игра и ќе имаше поголема казна.

Водството дојде при 10:9 со голот на Лазаров од седум метри, но истото безо беше загубено бидејќи беше подобро од претходните дуели, а одново недоволно убедливо.

Ништо ново немаше ниту до крајот на првиот дел кога противникот дојде до предност од два гола, а на паузата се замина со негатива од гол, 16:17.

Вториот дел од средбата донесе нешто подобра игра и поорганизирана. Се виде во неколкуте напади, но за предност од два гола се чекаше до 42. минута, 24:22. Тогаш беше јасно дека Чиле мора да притисне за да дојде до враќање во игра, но следуваа минути во кои и противникот грешеше. Шест минути подоцна резулатот беше и 27:23 откако следуваа неколку добри акции.

Во моменти кога мораше да се одработи смирено и да се бара сигурна позиција за шут, имаше одново моменти во кои се брзаше. Функционираше кога топката одеше до пивот или до крилата, но недостигаа удари од далечина. Затоа Митревски продолжуваше со одбраните, а тоа ја чуваше Македонија во предност која гарантираше пласман во втората фаза. На одличниот Митревски, кој официјално има 11 интервенции, а беа најмалку 15, се надоврза и Томовски кој запре два удари од седум метри во клучни моменти, па можеше да се прослави првата победа на овој Мундијал од 32:29.

Македонија уште еднаш ја совлада селекцијата на Чиле, а овој пат тоа значеше пласман во втората фаза и нови три средби против Русија, Белорусија и Словенија.

18 јануари 2021
32 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 јануари 2021 17:05 ГРУПА Г 2020/2021 18.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МАКЕДОНИЈА1632Победа
ЧИЛЕ1729Пораз

МАКЕДОНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Митревскиголман00
4Мартин Велковскидесен бек00
5Стојанче Стоиловпивот22
6Димитар Димитриоскилево крило03
7Кирил Лазаровдесен бек08
8Цветан Кузманоскилево крило00
11Филип Талескилев бек00
12Мартин Томовскиголман00
17Никола Маркоскипивот11
18Филип Кузмановскилев бек04
19Ненад Костескидесно крило05
21Марио Танкоскицентрален бек00
25Горан Крстевскицентрален бек22
28Мартин Поповскидесно крило01
33Жарко Пешевскипивот05
97Марко Мишевскилев бек11
 Вкупно 632

ЧИЛЕ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Филип Бариентосголман00
2Себастијан Кабелослево крило07
4Ервин Фојхтманлев бек07
7Диего Рејеслев бек00
9Хавиер Фрелијпивот11
10Емил Фојхтманцентрален бек04
11Естебан Салинаспивот12
12Фелипе Гарсијаголман00
16Винсенте Гонзалезголман00
17Родриго Салинасдесен бек07
20Себастијан Павездесно крило00
21Харалд Фојхтманлево крило00
23Бенџамин Калејалево крило00
29Марко Онетопивот20
30Даниел Ајаладесен бек11
77Виктор Доносолев бек00
 Вкупно 529

Officials

Судии:
Борис Милошевиќ -Хрватска
Матија Губица -Хрватска
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕГИПЕТ33006
2ХРВАТСКА32014
3САД31022
4МАРОКО30030