Екипата на Алкалоид во дерби натпреварот од 7. коло во суперлигашкиот плеј-оф на свој терен во Автокоманда успеа да триумфира против актуелниот шампион Вардар со 22:21.
На стартот на второто полувреме, членот на Алкалоид, Марко Митев во ситуација да ја собере топката од паркетот, отккао Вардар погреши во нападот, налета на Томислав Јагуриновски и доби незгоден удар во носот.
Средниот бек не изгледаше добро, му беше пружена лекарска помош и мораше со носилка да биде изнесен од теренот.
Лекарите проценија дека нема место за паника и по санирање на повредата, младиот ракометар се врати на трибините и на крајот со своите соиграчи се радуваше на големиот триумф.