Минатогодишниот МВП на Струшкиот турнир, годинава во нов дрес

Струшкиот турнир стартува в среда на отвореното игралиште на Женска плажа, а годинава учество ќе земат осум екипи кои се натпреваруваат во Супер машката лига. Годинава учесници се Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Струга и Прилеп.

Ракометарот кој минатата сезона го освои признанието за најкорисен играч на Струшкио турнир, Ловро Јотиќ оваа година на истиот турнир ќе се најде во нов дрес.

Тој минатата сезона го носеше дресот на Еурофарм Пелистер, а беше лидер на теренот. Сега кога е донесен како засилување за Вардар се очекува да го потврди истото и во редовите на „црвено-црните“.

Ќе има голема конкуренција и желба за надигрување, а во пет дена ќе може да се следат 16 интересн натпревари. Во првите четири дена ќе има по три натпревари на ден, а последниот ќе има четири пресметки.