Микел Хансен со виц на своја сметка: Не шутирав многу, имам пет килограми помалку

Најдобриот ракометар на последното Светско првенство кое заврши вчера, Микел Хансен имаше интересен коментар за случувањата на овој шампионат.Тој имаше стомачен вирус поради кој пропушти два натпревари и не играше против селекциите на Бахреин и Хрватска.

„Беше тешко особено на овој шампионат особено после стомачниот вирус. На последните три натпревари и не шутирав многу. Загубив пет килограми поради проблеми со стомакот. Тоа беше вистинска борба за мене“, коментираше Хансен.

Oва е навистина интересна изјава од страна на Хансен особено ако се има предвид фактот дека во полуфиналето против Шпанија дури 12 пати погоди во мрежата на одличните Коралес и Де Варгас. И во финалето имаше добра партија откако постигна седум гола на дуелот против Шведска.