Металург со одлично прво полувреме во Нови Сад, но и со пораз од Војводина

Екипата на Металург ја одигра првата од двете контроли против екипите од СЕХА лигата, а во меч со две различни полувремиња денеска претрпе пораз од составот на Војводина со 32:33.

Ракометарите на Металург ги добија првите 30 минути и беа убедливи со 19:14. Овие пет гола се чинеа како доволни за да може во продолжение да се има уште подобар резултат.

Сепак, во вториот дел од средбата домашните наметнале посилно темпо на игра, па успеале да ја анулираат негативата. Металурзите не ја зачуваа предноста од пет гола, па на крајот имаа негатива од еден погодок.

Војводина славеше со 33:32, а Металург ќе има уште една контрола против екипите од СЕХА. Следува натпревар против Нексе в четврток, а тоа е воедно ривалот на Вардар во четврт-финаелто од СЕХА лигата.