Металург лесно до Ф4, ќе ја брани Куп титулата во мај

Ракометарите на Металург го комплетираа списокот на учесници на Ф4 турнирот во Купот на Македонија откако денеска го одиграа финалниот натпревар од Групата A против Работнички и победија со 34:28.

Металурзите беа подобриот противник во поголемиот дел од средбата и успеаја да дојдат до триумф со кој продолжуваат до крај со битката за трофејот кој ќе треба да го бранат следниот месец на завршниот турнир со оглед на тоа што го освоија пехарот во 2019 година.

Од почетокот на средбата екипата од Автокоманда беше во позитива и успеа да дојде до постојано зголемување на водството. Тимот на Работнички се обиде да парира, но не можеше да следи цело време така што на крајот од првите 30 минути резулттот беше 12:23.

Уште на крајот од првиот дел беше јасно кој победува на оваа средба така што второто полувреме беше само формалност. Гостите искусно го чуваа водството кое иако беше намалено и понатаму беше доволно високо за да може да се обезбеди пласман понатаму во натпреварувањето.

Во финишот од средбата тимот на Работнички намали на шест гола разлика, но беше сè на овој дуел така што се дојде до резултат од 28:34 на крајот од натпреварот. Со тоа Металург се најде на уште еден Ф4 турнир во Купот заедно со Вардар, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.

РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ       28:34 (12:23)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

РАБОТНИЧКИ: Анѓеловски, Гогов, Чакалиќ 2, Ташевски, Гашовски 3, Јакимовски 2, Димевски 1, Анѓелковски, Савревски 4, Вујовиќ, Ончев 9, Добревски, Виларов, В. Крстевски 1, С. Крстевски 1, Дука 5.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 8 мин.

МЕТАЛУРГ: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски 4, Поповиќ 5, Кофиловски 2, Шилегов 3, Хорват 8, Калуѓеровиќ 5, Серафимов 3, Лазаревски 1, Тодески, Митиќ, Рниќ 2, Додиќ 1, Маркоски.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 8 мин.