Металург загуби и од Саран

Тимот на Металург по поразите од Ним, Кретеј и Шербур, загуби и од составот на Саран во натпреварот за третото место на турнирот во Монлисон.

Францускиот второлигаш славеше со 35-33, а победата ја обезбеди уште во првиот дел, кога имаше шест голови позитива, 18-12.

Во вториот дел тимот од Автокоманда стигна до реми, 32-32, но во решавачките моменти немаше концентрација да направи комплетен пресврт.

Со овој натпревар Металург ги заврши подготовките во Франција. Поради некомплетниот состав, но и поради желбата на тренерот Кастратовиќ шанса да добијат сите ракометари, резултатот на ова турнеја беше во втор план.

По враќањето во Скопје, Металург ќе ги продолжи подготовките во салата во Автокоманда.