Мерк за 24Ракомет: Во финалето против Ѓер ќе има многу нервоза и притисок

Вајперс Кристијансанд ќе ја брани титулата европски шампион во финалето од Лигата на шампиони за жени откако во полуфиналето го совлада Мец.

Една однајдобрите ракометарки Нора Мерк после полуфиналниот дуел го коментираше мечот и ги истакна очекувањата од финалето со нејзиниот поранешен клуб Ѓер за 24Ракомет.

„Мислам дека во второто полувреме игравме лесно во напад и тактички многу добро. Можеби изгледаше лесно но ние си создававме многу добри ситуации едни на други, Јарабакова беше неверојатна денеска. Мец е добра екипа и очекував тежок натпревар како и што беше. Уште од почетокот знаевме дека нема да биде лесно, но ние игравме како тим и секој беше добар во својата улога и преземаше одговорност. Се боревме навистина добро сите заедно. Јарабакова и Дебелиќ одиграа како никогаш порано, тоа е многу добро и сум горда на нив. Во финалето ќе се бориме максимално, тоа е последен натпревар во сезоната.“, рече Мерк.

Кристијансанд е единсвениот тим кој му нанаесе пораз на Ѓер го групната фаза и тоа во последното коло, но тоа не мора ништо да значи како што рече Мерк.

„Ние единствено успеавме да го победиме Ѓер во текот на сезоната но не можам да кажам дека тоа ни дава дополнителна самодоверба пред финалето. Ќе се обидеме да се надигруваме и да победиме. Ќе видиме што ќе функционира во финалето, а што нема, утре ќе има нервоза, притисок сето тоа треба да го земеме во предвид и ќе видиме, ќе го дадеме најдоброто од нас“, заврши Мерк.

Финалето се игра во недела со почеток во 18 часот.