Македонците со Ваљадолид се пласираа во ТОП 8 во Кралскиот Куп

Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата интернационалци од Македонија, Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски, обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи во Копа Дел Реј познат како Кралскиот Куп во Шпанија.

Ваљадолид во неизвесен дуел славеше победа против незгодниот тим на Куенка, со резултат 27:25 (16:13).

Димитар Димитриоски не беше во комбинација за овој дуел поради болест, додека Дарко Димитриевски имаше 100% реализација, постигна два гола од исто толку обиди.

Велешанецот не го доигра целиот натпревар, бидејќи доби директен црвен картон во првите 30 минути.