Македонија ЃП ги освои првите бодови во прволигашкиот плеј-оф!

Ракометарите на Македонија ЃП по поразот од Драчево на стартот во прволигашкиот плеј-оф, во рамки од 2. коло прославија триумф над Астраион со пет гола разлика, 35:30.

Освен почетните 1:1, сѐ останато мина во знакот на домаќините, кои уште во првото полувреме го надиграа ривалот од Струмица и на пауза заминаа со предност од 16:13.

Избраниците на Димитриоски во вториот дел имаа мал пад во играта, дозволија гостинот да има гол негатива во неколку наврати, но сепак, во последниот период се одлепија на четири до пет гола разлика и рутински одиграа во финишот.

Предводник во победничката екипа беше Филип Ролевски со десет погодоци, по седум запишаа Максимилијан Ѓиноски и Мартин Димовски.

Во таборот на Астраион расположен за игра беше Васе Наков, кој во голот на домаќините погоди 11 пати.