Комплетирањето на 12. коло од Лигата на шампионите во машка конкуренција полека ги најавува и двојките за осминафиналето така што на две кола до крајот ситуацијата станува сè појасна.
Според актуелната ситуација на табелите, Алборг е тимот кој би требало да биде ривал на Вардар. Сепак, „црвено-црните“ ќе мораат да го одбранат 5. место во Групата Б доколку сакаат да останат со овој ривал.
Вториот можен ривал е ПСЖ, кој откако го загуби дерби дуелот со Пик Сегед сега е сигурен на 3. место и во осминафиналето ќе се соочи со составот кој ќе финишира на 6. позиција во Групата Б.
Сè ќе зависи од 13. коло така што останува да се види како Вардар ќе го реши гостувањето кај тимот на Порто.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО
ГРУПА А
ЕЛВЕРУМ – ФЛЕНЗБУРГ 28:34
Кристоферсен 9, Фредриксен 5, Гудјонсон 4 – Штајнаузер 7, Јоханесен 6, Јондал 5
БАРСЕЛОНА – ППД ЗАГРЕБ 32:23
Палмарсон 6, Томас 6, Арињо 4 – Божовиќ 6, Хорват 4, Влах 3
АЛБОРГ – ЦЕЛЈЕ 28:24
Марчер 6, Бартолд 5, Елебек 4 – Хорцен 5, Лебан 5, Шарац 4
ПИК СЕГЕД – ПСЖ 32:29
Кањелас 10, Шоштариќ 7, Македа 5 – Хансен 7, Ремили 6, Сагосен 5
ТАБЕЛА: 1. Барселона 22 бода (418:327); 2. Пик Сегед 20 (355:306); 3. ПСЖ 18 (376:338); 4. Алборг 13 (356:361); 4. Флензбург 11 (325:327); 6. Целје 6 (304:363); 7. Елверум 3 (312:358); 8. ППД Загреб 3 (286:352).
ГРУПА Б
КИЛ – ВЕСПРЕМ 29:28
Екберг 8, Пекелер 7, Зарабец 4 – Борозан 5, Нилсон 5, Омар 4
КЕЛЦЕ – ПОРТО 30:25
А. Душебаев 7, Морито 6, Каралек 4 – Магаљаеш 5, Мартинс 5, Бранкињо 4
МОНПЕЛЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ 30:26
Дескат 11, Ричардсон 6, Петерсон 4 – Баранов 5, Паниќ 4, Јуринок 4
ВАРДАР – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ 38:28
Скубе 8, Чупиќ 5, Дибиров 5 – Пухоуски 7, Маласинскас 5, Денисов 4
ТАБЕЛА: 1. Кил 20 бода (377:333); 2. Веспрем 16 (392:341); 3. Монпелје 15 (332:324); 4. Келце 14 (356:333); 5. Вардар 11 (347:383); 5. Порто 10 (335:356); 7. Мешков Брест 6 (336:366); 8. Мотор Запорожје 4 (358:397).