Легендарниот Норвежанец одлучи, се пензионира после Олимписките игри

Еден од најискусните ракометари кои се дел од репрезентацијата на Норвешка, Бјарте Мирхол донесе одлука како ќе се движи неговата кариера односно како ќе ја финишира.

Мирхол кој е капитен на екипата на Скјерн, одлучи веднаш после завршувањето на Олимписките игри во Токио да се збогува со репрезентативниот дрес.

„Размислив внимателно за ова прашање и донесов одлука. Предвид ги имав сите можно опции. Ракометот ми значи сè, но можам да се грижам за моето здравје. За жал не поминува ден без болка, веќе долго време спијам лошо. Играњето ракомет на високо ниво со болка е во ред, за краток временски период, но кога трае толку долго веќче не може да се толерира. Моето сценарио од соништата е да освојам трофеј со Скјерн и олимписко злато со Норвешка“, изјави Мирхол.

Ова значи дека ги игра последните месеци во кариерата и на крајот од летото ќе се прости со активното играње.