Латифи: Против Вардар ќе одлучуваат нијанси

Во вториот полуфинален натпревар од завршниот турнир во Купот на Македонија, ќе се соочат Вардар и Чаир.

Тренерот на Чаир, Басри Латифи, очекува интересен натпревар, во кој победникот ќе го одлучат нијанси.

„Очекуваме интересен натпревар каде што ќе одлучуваат нијански и моментлната концентрација. Се работи за екипи со идентичен скор во првенството, со по една победа во меѓусебните дуели. Покрај тоа што имаме големи проблеми и хендикеп поради повреди на три наши стандардни првотимки, верувам во моите девојки дека ќе го извлечат максимумот во полуфиналниот дуел и ќе триумфираат. За финале нема да прогнозираме, тоа ќе биде натпревр со посебни мотиви и ќе зависи од физичката подготвеност на екипата да се издигне по два квалитетни меча меѓу најдобрите четири екипи во Женската лига“, вели Латифи.

Натпреварот меѓу Вардар и Чаир се игра вечерва во Автокоманда со почеток во 18:00 часот.