Ландин „збесна на голот“ во финалето: Данска останува светски првак

Селекцијата на Данска се избори за победа од 26:24 во финалето на Светското првенство против Шведска и дојде до нова круна откако денеска имаше одлична средба и порасположени ракометари. Клучот беше Никлас Ландин кој бранеше феноменално кога беше најпотребно, па тој ги откажа противниците и на тој начин го одбрани својот тим, а Данска успеа да ја одбрани круната освоена пред две години.

Од почетокот на средбата беше јасно дека овој дуел ќе го одлучат нијанси. Од стартот се виде дека ова ќе биде дуел кој неутралните љубители на ракометот ќе сакаат да трае колку може повеќе.

Колку беше израмнето покажува и фактот што 17 минути ниту една селекција не направи предност од два гола. Постојано беше еден гол предност или за едната или за другата репрезентација. И едниот и другиот состав имаа одговор за играта и знаеја како да се изборат за позитивен резултат односно да бидат во водство.

Дури и кога во 17. минута селекцијата на Данска дојде до 8:6 работите не се изменија и Шведска брзо се врати, а потоа во 25. минута го сврте резултатот во своја полза. Искористи период од пет минути без гол од Данците за да дојде до 12:10.

Ниту овие два гола позитива за Шведска не беа доволни бидејќи Данска одново се врати, а на одмор се замина со нерешени 13:13.

Второто полувреме одново донесе иста ситуација односно игра во која повторно се уживаше и се следеше ракомет полн со возбудувања. Беше одново тешко да се направи предност поголема од гол. Така беше некаде до 50. минута кога Данците набрзина казнија грешки на Швеѓаните. Крилата тешко доаѓаа до погодок бидејќи Ландин бранеше неверојатно. Едноставно ги откажа крилата и беше играчот кој придонесе најмногу за Шведска да дојде до плус три, 23:20.

Овие три гола се чуваа успешно. Швеѓаните намалија на два гола и при 23:25 имаа пенал за враќање во игра. Меѓутоа Ване не го реализираше пеналот, а Никлас Ландин уште еднаш беше херојот на Данска, играч кој со 16 интервенции ги „реши“ Швеѓаните и беше клучот за одбраната на круната. Шведска која после 22 години играше финале во Египет не успеа да го повтори успехот, но и ова е неверојатен резултат.

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
29 јануари 2023 00:00 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022/2023 29.01.2023 60'