Лазаров ќе прави селекција на нови кадети, 101 ракометар на поширокиот список

В недела и понеделник во Битола и Скопје ќе се одржат два изборни тренинзи, на кои ќе биде направена селекција на ракометари од генерацијата 2006/07.

Селекторот на сениорите Кире Лазаров и неговиот стручен штаб составен од сите тренери кои работат со младинските репрезентативни категории, на поширокиот список имаат дури 101 ракометар, од кои подоцна ќе биде формиран костурот на новата генерација кадетски репрезентативци.

Во Битола тренингот ќе биде в недела во салата „Боро Чурлевски“ на 4 декември, додека во Скопје, тренингот ќе се одвива во салата „Автокоманда“ на 5 декември.

На списокот има 15 ракометари од Мулти Есенс, 8 од Бисинов, 7 од Еурофарм Пелистер, по 6 од Вардар, Рисови, Голден Арт и Струга, по 4 од Куманово, Алкалоид, Охрид и Скопје, по 3 од Партизан Гевгелија, Тиквеш, Младост Богданци, Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје и Прилеп, по 2 од Аеродром и Преспа Вардар, додека по 1 од Кузман Вардар, Пролет, Кичево, Металург РА, Асови, Астраион и Вардар Неготино. Меѓу повиканите има и еден интернационалец, кој настапува во Германија

Прв голем предизвик за овие ракометари ќе биде настапот во квалификациите за ЕП 2024 година, што ќе се играат во јануари 2024 година.