Лазаров: Продолжувам како селектор, а во иднина можеби ќе работам и во некој клуб

Кирил Лазаров по емотивното писмо до фановите на Фејсбук, го официјализираше крајот на играчката каиера и на прес-конференција во Нант.

Тој потврди дека ја продолжува селекторската мисија со Македонија, но најави дека можеби ќе работи и во некој клуб.

„Претходно играв во големи клубови како Барса и Сиудад Реал, но се одлучив да дојдам во Нант и не погрешив. Тоа е клуб кој расте секоја година и можам да кажам дека тоа е најдобрата одлука да дојдам во Нант. Ако ви треба медикал џокер за следната сезона, тука сум да помогнам. Се шегувам. Останувам селектор, а во иднина можеби ќе работам и во некој клуб“, изјави Лазаров.

Со Нант му останува да го одигра последниот натпревар од првенството против Тулуз на домашен терен, како и финалето на Купот на Франција против ПСЖ.