Лазаров е „играч на мечот“ против Белорусија

Македонскиот капитен Кире Лазаров беше прогласен за играч на мечот против Белорусија.

Легендарниот десен бек даде седум погодоци од десет обиди и беше најдобар стрелец на теренот.

Лазаров веќе ја надмина и границата од 500 постигнати погодоци на големите натпреварувања.

Нашата селекција по поразот со 30-26 од Белорусија, ќе го има најслабиот пласман на Мундијалите досега.