Лазаров за другите е секогаш достапен – сега за ХРС изјави: И кога губиме тоа мора да биде достојно и да се бориме до крај

Капитенот упати критики за залагањето и борбеноста. Но, наместо за македонските медиуми или за Ракометната федерација на Македонија (РФМ), реши интервју да даде за Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС). Лазаров не се појави на ниту еден брифинг со медиумите организиран од македонската федерација на СП, а изјавите што ги даде беа само за организаторите во микс зоната или за некој новинар што е во Египет.

Македонија има уште еден натпревар на СП во Египет, оној против Белорусија со што завршува настапот на нашата репрезентација. Дали тоа ќе биде последниот натпревар како играч за Кире Лазаров на големите натпреварувања или можеби само на Светските првенства.

Сепак, на ова првенство игра само колку што е потребно и кога е потребно така што веќе го отстапува своето место на помладите. Инаку, капитенот упати критики за залагањето и борбеноста. Но, наместо за македонските медиуми или за Ракометната федерација на Македонија (РФМ), реши интервју да даде за Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС). Лазаров не се појави на ниту еден брифинг со медиумите организиран од македонската федерација на СП, а изјавите што ги даде беа само за организаторите во микс зоната или за некој новинар што е во Египет.

„Ова е голема приказна. Македонија го сака спортот, а особено ракометот. Постојано сме на големата сцена и целиме тоа да го задржиме и да го подобрите во следните години. Имаме и добар клупски ракомет бидејќи Вардар двапати беше освојувач на Лигата на шампионите. Македонија сака ракомет и тагува после поразите со голема разлика. Ниту мене не ми е лесно бидејќи кога некој те сака и ти дава внимание тоа треба да се испочитува. Навистина и мене и на сите нас ќе ни биде тешко после ова што се случи, да не речам дебакл, но можам слободно да кажам дека не се покажавме достојно. Иако имаме смена на генерациите треба достојно да се губи, да се бори до крај, а не однапред да се предадеме. Можеби ова Светско првенство ќе ни дојде добро бидејќи дојдовме до дно, па да пробаме со некоја стратегија да се кренеме напред“, коментираше капитенот Кирил Лазаров во интервју за Ракометната федерација на Хрватска.

Натпреварот против Белорусија ќе биде одигран утре од 15:30 часот и тоа е последна шанса за поправање на впечатокот на овој шампионат. Со само една победа, онаа против Чиле и со два високи порази Македонија се пласираше во Главната фаза. А таму повторно двапати бевме сериозно раздрмани и високо поразени.

Целото интервју за Лазаров за ХРС можете да го погледнете во прилог.