Екипата на Куманово, која ќе игра во плеј-аут фазата, го ангажираше второто засилување за продолжението од натпреварувачката сезона 2022/23.
По ангажирашето на српскиот интернационалец Никола Бечејац, нов ракометар во редовите на Куманово е довчерашниот член на Охрид, средниот бек Владан Кастратовиќ.
Црногорецот на почетокот на оваа сезона ги засили редовите на Охрид од Струга, но за поголема минутажа одлучи да се пресели во редовите на Куманово.
Кастратовиќ во својата кариера има настапувано и за суперлигашите од Црна Гора, Комови и Иванград.
Во сезона 2020/21 беше најдобар стрелец и најдобар играч за тимот на Комови. На репрезентативно ниво беше дел од јуниорската репрезентација на Црна Гора.
Куманово во борбата за опстанок во најквалитетното натпреварување во Македонија ќе игра против екипите на Струга, Прилеп, Голден Арт, Скопје Вардар Неготино, Јуниор КВ и Радовиш.
Како што е веќе познато, тимот на Куманово за натпреварите од плеј-аут фазата ќе има нов тренер, откако Љубиша Димковски поднесе оставка, а од клубот си замина искусниот Виктор Петковски.