Екипата на Куманово, која ќе се бори за опстанок во Супер лигата, го промовираше третото засилување за вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23.
Ново име во тимот на Куманово е ракометарот од Србија, Зоран Ѓурковиќ. Искусниот Ѓурковиќ настапува на позиција кружен напаѓач и сигурно ќе претставува големо засилување за тимот на Куманово.
37-годишниот ракометар во својата кариера има настапувано за екипите на Морава, Црвена Звезда, Смедерево, Пожаревац и Хајдук Вељко од Неготин.
Раководството на Куманово претходно го ангажираше довчерашниот член на Охрид, Владан Кастратовиќ и српскиот интернационалец Никола Бечејац.
Кумановчани во борбата за опстанок во најквалитетното натпреварување во Македонија ќе играат против екипите на Струга, Прилеп, Голден Арт, Скопје Вардар Неготино, Јуниор КВ и Радовиш.
Како што е веќе познато, тимот на Куманово за натпреварите од плеј-аут фазата ќе има нов тренер, откако Љубиша Димковски поднесе оставка, а од клубот си замина искусниот Виктор Петковски. Најблиску до клупата на Куманово е Игор Котевски.