Кумановки ќе ја бранат титулата, тргнаа со победа против незгодниот Металург

Ракометарките на Куманово кои пред две години на домашен терен дојдоа до првата круна во Купот на Македонија утре ќе го бранат трофејот откако денеска дојдоа до победа од 27:23 против тимот на Металург.

Во натпревар кој имаше постојана резултатска тениција и неизвесност на крајот кумановки беа тие што успеаја да покажат многу повеќе. Победникот беше одлучен во финишот откако посебно првото полувреме донесе надигрување.

Откако имаше неколку промени во водството на крајот од првиот дел беше само еден разлика во корист на тимот на Куманово. Ракометаркитена овој тим водеа со 13:12 така што дојдоа до минимална предност пред стартот на продолжението од средбата.

Второто полувреме беше сосема поинаква приказна бидејќи тимот на Куманово бзрзо успеа да дојде до плус пет, 19:14 и оваа предност даваше можност за мирна игра. Металург намали до два гола разлика, но откако беше 22:20 за Куманово во продолжението сè беше во знакот на кумановки кои успеаја да стигнат до триумф од 27:23 и да си обезбедат финале.

Утре во финалето ќе ја бранат титулата освоена во 2019 година, а кој ќе биде протиникот ќе покаже дуелот меѓу Вардар и Чаир.

КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ           27:23 (13:12)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

КУМАНОВО: Митровиќ, Јовановска, Паскал, Марковиќ, Трајковиќ 4, Ивановска 2, Боризовска 6, Шарановиќ, Чокели, Јанкуловска 6, Кипријановска 3, Џамкиќ 6, Димитриевска, Цветановска, Бечирхоциќ, Краљевски.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 14 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Васева, Софтовска, Гугуљанова, Ѓорѓиевска, Гулицоска 3, Тасевска 6, Смајлоска, Арсениевска 5, Младеновска,Темелковска, Дамчевска, Божиновска 7, Ристовска 1, Петковска 1, Николиќ 1

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 16 мин.