Кузманоски: Од аутсајдери до прво место – деца, ви верував од самиот почеток (ФОТО)

Екипата на Прилеп обезбеди опстанок во Супер лигата откако во клучниот натпревар славеше против Тиквеш со резултат 32:28. Прилепчани во плеј-аут групата во Супер лигата имаа и падови, но во најважните битки го покажаа својот квалитет.

На вкупно 14 одиграни натпревари во плеј-аутот, Прилеп забележа 10 победи и четири порази, доволно за обезбедување на првото место на табелата и задржување на суперлигашкиот статус и наредната сезона.

Тренерот на Прилеп, Горан Кузманоски по обезбедениот опстанок го искажа своето задоволство од неговите избраници. Кузманоски како тренер оствари добар резултат и успеа клубот да го сочува во најквалитетната македонска лига.

„За мене прва сезона како тренер, за многу од децата, прва прилика да играат во Супер лигата. Од аутсајдери до прво место во плеј-аут. Деца фала ви за се, ви верував од самиот почеток”, напиша Кузманоски.