Повеќето од бундеслигашите уште од пред неколку дена ги стартуваат подготовките за следната сезона.
Исклучок не е ниту Хановер, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кумановски.
Тренерот Кристијан Прокоп уште од стартот наметнува жестоко темпо, па ракометарите еден ден мора да се посветат на триатлон.
Тие возеа велосипед на патека долга 12,4 км, пливаа 500 метрии и трчаа 5 км, а на крајот имаа и тим билдинг со картинг.