Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски во следната сезона ќе настапува за бундеслигашот Хановер.
Заедно со сопругата Моника го посетија градот Хановер, каде што ќе живеат во иднина и се пофалија на социјалните мрежи.
Кузмановски потпиша договор на три сезони со тимот предводен од Ортега, и се очекува да има една од главните улоги по заминувањата на Олсен и Патраил.
Битолчанецот претходно беше член на Пелистер, Металург, Еурофарм Работник, а една сезона мина во Магдебург.