Кузмановски: За добра одбрана треба карактер, срце и мадиња

Македонија загуби убедливо од Шведска со 32-20 во првото коло од Светското првенство во Египет.

Бекот Филип Кузмановски смета мора што побрзо да се заборавиме дуелот со Шведска и да посветиме на анализа за следните противници.

„Ова СП го отворивме најлошо досега, никогаш не сме губеле толку многу досега. Јас барем не се сеќавам. Тоа што дбоивме во последен момент повик за овде, не треба да ни биде изговор. Колку што имаше време Шведска да се спреми за нас, толку и ние имавме за нив. На терен не покажавме ништо. Ни во одбрана ни во напад. Не сме ни спремни физички. По 15 минута како да не игравме. Мораме да го заборавиме тој дуел со Шведска, бидејќи не знам како ќе играме со Египет и Чиле. Нашата шанса е Чиле, но не треба да излеземе со бело знаме против Египет. Мора да покажаме зошто сме тука. Пробувавме некои работи со Чиле, но не во полн состав. Но пак ќе речам, не треба да ни биде изговор. Треба да заборавиме на овие работи, доаѓа Египет, но мора нешто да покажеме. Кај нас има многу дебитанти, но тука има играчи со неколку првенства зад себе. Требаше да покажеме дека некој треба да верува во нас. Не може никој да ми каже, дека ние не сакаме да играме одбрана. Треба да играме со карактер и да играме со мадиња во одбраната. Ние пробуваме се, дека сме тактички спремни, но да немаш срце и да не направиш фаул во 60 минути, тоа не можам да го разберам. Ќе почнам од мене, па се до сите што играа“, вели Кузмановски.

Натпреварот од второто коло меѓу Македонија и Египет се игра утре од 18:00 часот, додека на 18 јануари ќе играме со Чиле.