Кузмановски во јуни може до трофеј со Хановер

Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски ќе има убава можност на крајот од оваа сезона да дојде до трофеј со тимот на Хановер.

Тој ќе игра на завршниот турнир од Купот на Германија за 2000 година кој поради пандемијата со Ковид 19 немаше можност да се одржи во предвидениот термин.

Новиот термин е 3 и 4 јуни (четврток-петок), но дефинитивно тоа е можност за Хановер да дојде до убав резултат односно да се избори за трофеј така што Кузмановски добива убава можност иако тој во сезоната 2019/20 играше за екипата на Магдебург.

Веќе се одредени и точните термини. Во првото полуфинале се среќаваат екипите на Лемго и Кил од 17 часот на 3 јуни. Од 19:30 часот ќе играат екипите на Мелзунген и Хановер.

Финалето е на 4 јуни од 17:30 часот.