Кој е најзадоволен од ремито на Русија и Белорусија? – Сергеј Горбок!

Селекциите на Русија и Белорусија одиграа нерешено 32-32, и се чини дека тоа беше најреалниот исход на овој натпревар.

Двете репрезентации имаа свои моменти на дуелот, на крајот Русите го имаа последниот шут на капитенот Шишкарев за триумф, но тој не погоди, па мечот заврши реми.

Најзадоволен од овој исход сигурно е некогашниот вардарец Сергеј Горбок. Тој е по потекло Белорусин, но играше и за двете држави. Харбок по белоруски, или Горбок по руски, вели дека ремито е најреален исход.

„Ми се допадна натпреварот, го гледав со голем интерес. И кај двете репрезентации имаше убави моменти, но и грешки. Како се одвиваше мечот, фаворити беа Белорусите. Имаа неколку шанси да се одлепат на повисока разлика од два гола, но не успеаја, а Русија беше подобра во вториот дел. За жал Шишкарев не погоди, па мечот заврши најреално – реми“, вели Горбок за „Брз Центар“.

Во групата Х, Словенија останува прв фаворит, откако немаше милост за Јужна Кореја со 22 гола разлика, 51-29.