Костески погоди 11 пати, Холабрун убедливо до триумф

Екипата на Холабрун од Австрија дојде до убедлива победа против В. Виена во 1. коло од Купот на Австрија со 43:16.

Никола Костески имаше одлична партија и ги предводеше колегите во трката за што подобар резултат. Тој постигна дури 11 гола со кои беше најдобриот стрелец на составот на Холабрун.

Ова беше уште една одлична игра на Костески со што само продолжува со високо ниво на игра во Австрија така што уште еднаш покажа дека е одлично засилување за Холабрун за оваа сезона.