Костески му донесе нова победа на Холабрун

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, забележа нова победа во Австрија.

Холабрун славеше во дербито на гостински терен против составот на Корнебург со 24-22 и го презема второто место на табелата.

Најзаслужен за триумфот беше Костески, кој постигна шест голови, а еден од нив беше во финишот кога се решаваше победникот.

Холабрун по 14 кола собра 18 бодови, со биланс од девет победи и пет порази што е доволно за второ место и чекор до место во најсилната конкуренција во Австрија.