Натпреварот меѓу Косово и Црна Гора што требаше да се игра денеска во Подгорица е откажан, поради позитивни случаи во ривалот на Македонија на ЕП.
Не е позната точната бројка на ракометари кои се заразени, но според информациите од Црна Гора не е мала, бидејќи има и дел кои не се позитивни, но имаат симптоми на коронавирусот.
Црна Гора треба да се комплетира на 2 јануари, кога ќе се врати и селекторот Рогановиќ по клупските обврски во Шведска, како и дел од играчите што играат во Бундес лигата.
Црногорците два пати претходно славеа против Кувајт во пријателските натпревари, а сега има причина за загриженост и во нашата репрезентација, која два патии треба да игра со истиот ривал во Маврово, бидејќи нејасно е дали Азијците ќе дојдат „чисти“ во Македонија.
Се разгореа страстите кај ривалот на Македонија – Рогановиќ не ме „прецрта“ мене, туку јас него!