„Кон нас се однесуваа како кон животни, буквално не избркаа од СП“

Селекцијата на Зеленортските острови не се прослави на Светското првенство во Египет откако поради позитивните тестови на Ковид-19 мораа да се вратат дома. Допатуваа со краток ростер, но проблемите започнаа после првиот одигран натпревар и новите позитивни случаи.

Капитенот на островската земја, Леонардо Семедо, имаше замерка за домаќинот и негативни коментари за нивното третирање во текот на нивниот престој во Египет.

„Ова да се случуваше на репрезентациите на Германија, Франција или Шпанија, односот на ИХФ би бил сосема поинаков. Спрема нас се однесуваа како со животни и сите нас нѐ гледаа како зараза. Од доаѓањето во Египет бевме цело време затворени во хотелот“, вели Семедо.

Селекцијата на Зеленортските острови одигра еден официјален натпревар на Светското првенство во Египет против Унгарија и тој го загуби. Тоа е најголемо достигнување во нивната ракометна историја.