„Кометалки“ продолжија таму каде што клубот застана!

Скоро две децении подоцна ракометарките и раководството на Кометал Ѓорче Петров, јубилеите од титулата ги прославуваат со голема забава (нешто што се подготвува за следната година, на 20-годишнина) додека во меѓувреме остануваат да работат во Македонија, за доброто на македонскиот ракомет.

„Оваа година поради пандемијата нема да може да се собереме, но следната, се надевам дека како победници ќе излеземе од пандемијата и ќе ја продолжиме традицијата јубилејните прослави да бидат една голема забава во која ќе се собереме сите за да ја прославиме историјата, успехот и фамилијата. Следната година, повторно во ‘Ден и Ноќ’… Знаете во што е среќата? Што 80-90 посто од тој шампионски тим на Кометал и денеска е во Скопје и оние ракометарки кои не се по националност Македонки, останаа тука и Македонија е нивниот дом. Нема да сретнете никаде во светот клуб кој бил шампион и кој успеал во сопствениот град да зачува толкав број на играчи по таа титула. И останува да владее професионализмот и квалитетот без разлика дали сме го создале или донесе со ангажирање на странски играчи, тие девојки денеска работат за доброто на македонскиот ракомет. Тие продолжија каде ние застанавме! Тие се во зрели години каде апсолутно може да дадат придонес за развојот на македонскиот ракомет, имаат искуство, имаат знаење. Се се тоа професионалки кои ги минале сите фази и тие имаат благородна мисија сето акумулирано знаење од спортот сега го пренесуваат на младите генерации и во тоа ги поддржувам комплетно“, вели сопственикот на клубот Трифун Костовски.

Во продолжение прочитајте го интервјуто со Трифун Костовски…

ИНТЕРВЈУ ТРИФУН КОСТОВСКИ: Кометал Ѓ.П. е како прва љубов, а таа не се заборава никогаш!