Кизиќ: Татран е квалитетен тим, но нашата цел останува непроменета

Тимот на Еурофарм Пелистер утре го очекува првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата во дивизијата „Југ“ против словачкиот Татран Прешов.

Голманот Марко Кизиќ вели дека нема многу време за подготовки за двомечот со Татран Прешов, но целта е победа.

„Се соочуваме со добар тим, тим кој го докажа својот квалитет во СЕХА лигата оваа сезона. Има два натпревари и нема да имаме многу време да се подготвиме, но верувам дека ќе бидеме подготвени. Ќе се стремиме да победиме на првиот меч. Татран има искусен тим кој заслужува почит за се што направија во досегашниот дел од сезоната, но нашата цел останува иста, а тоа е да го обезбедиме местото на завршниот турнир“, вели Кизиќ.

Првиот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов се игра утревечер во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.