Келце не простува никому, и против Пик Сегед со победа

Екипата на Келце во рамноправен натпревар беше подобар противник од Пик Сегед и успеа да дојде до победа од 30:26 во Лигата на шампионите во А групата.

Домашните ракометари немаа доволно сили да им парираат на гостинските ракометари иако резултатската неизвесност траеше до 45. минута. На полувреме резултатот беше израмнет, 14:14, а постојано беше со резулатска тензија.

Последен пат беше нерешено при 22:22 на средина од вториот дел, а потоа следуваше серија од 3:0 за гостите, па на десет минути до крајот на средбата веќе се знаеше кој ќе дојде до победата.

Најефикасен ракометар во редовите на Келце беше Алекс Душебаев со осум погодоци. Во домашниот состав се истакна Матеј Габер со пет погодоци.

Со победата над Пик Сегед екипата на Келце остана на првото место на табелата со 19 бодови, но и четири средби и четири бода повеќе од второпласираниот Флензбург. Пик Сегед во моментов се наоѓа на 5. место со 10 освоени бодови од 11 натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140