Келце без леви крила против Вардар?!

Откако на подолго време Талант Душебаев остана без услугите на Матеуш Јахлевски, стратегот на Келце би можел да го загуби и второто десно крило Анхел Перез Фернадез.

Тој заработи повреда на мускулот на левата нога во Скопје за време на дуелот со Вардар и не играше против Хробри Глогов, па Душебаев експериментираше со Мариуш Јуркиевич на левата крилна позиција.

„На крајот на мечот со Вардар почувствував болка во мускулот на левата нога. Ако продолжев да играм, можев да заработам посериозна повреда што ќе ме оддалечи од теренот на подолго време. Ќе пробам да тренирам денеска и утре, па ќе видиме како ќе биде в сабота“, изјави Фернандез за полските медиуми.

Талант Душебаев нема да смета на услугите на Томаш Гебала, Матеуш Јахлевски и Аркадиуш Морито за натпреварот со Вардар, а во споредба со мечот во Скопје, Келце ќе биде посилен за Даниел Душебаев.