Шпанија е во полуфинале: Квалитетот на европските прваци поголем од желбата на Норвежаните

Европските шампиони ја продолжија низата успешни настапи и ќе конкурира за светската титула откако во четвртфиналето беа поуспешни од Норвешка со 31-26. Шпанија ја контролираше играта и резултатот во текот на целиот дуел. Имаа и високи шест голови разлика. Иако дозволија Норвешка да се врати во игра, водството никогаш не беше доведено во прашање.

Шпанските ракометари често правеа грешки во нападот, но Норвежаните на спротивната страна се реваншираа со непрецизни обиди кон голот на Де Варгас. Сепак Норвежаните во таа игра имаа послаба статистика и затоа избраниците на Жорди Рибера за прв пат во осмата минута имаа предност од три голови.

Скандинавците не дозволија предвреме да се прогласи победникот на овој дуел и за две минути го израмнија резултатот на 6-6. Сепак средината на првиот дел помина во знакот на „црвената фурија“, низата голови значеше сериозна предност за европските прваци и први „плус пет“ на дуелот (13-8 21. мин). На пет минути до крај на полувремето Шпанија обезбеди највисоки шест голови предност, разлика која се задржа до самиот крај за конечни 21-15.

По паузата Норвешка ја врати неизвесноста на натпреварот и го преполови водството на шпанските ракометари на три разлика. Жорди Рибера, селекторот на Шпанија веднаш одговори со тајм-аут, а во продолжение европските прваци успеаа да ја стабилизираат играта и да го одржат водството од три-четири разлика до самиот финиш на натпреварот. На пет минути до крај Шпанија ја врати предноста од пет голови, разлика со која заврши четвртфиналниот мундијалски дуел, 31-26.

25 јануари 2023
35 - 34
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 јануари 2023 20:30 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022/2023 25.01.2023 60'

Резултати

Екипа2-ро полувремеРезултат
ШПАНИЈА35Победа
НОРВЕШКА34Пораз

ШПАНИЈА

Позиција Исклучување Голови
 00

НОРВЕШКА

Позиција Исклучување Голови
 00

Officials

Судии:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
1/4 ФИНАЛЕ 1/2 ПОЛУФИНАЛЕ ФИНАЛЕН ДЕН 1/2 ПОЛУФИНАЛЕ 1/4 ФИНАЛЕ
ФРАНЦИЈА   ДАНСКА
25 јануари 2023
33-30
25 јануари 2023
40-23
ФРАНЦИЈАДАНСКА
27 јануари 2023
00:00
27 јануари 2023
00:00
ГЕРМАНИЈА УНГАРИЈА
 
29 јануари 2023
00:00
 
ШПАНИЈА ШВЕДСКА
25 јануари 2023
35-34
 
25 јануари 2023
26-22
ШПАНИЈАШВЕДСКА
  
НОРВЕШКАЕГИПЕТ