КАТАСТРОФА: Македонија е единствена европска репрезентација во Президент Купот!

Македонија загуби од Аргентина во третото коло од прелиминарната група на Светското првенство во Полска со 35-26 и ќе игра во Президент Купот.

Натпреварите ќе се играат во Плоцк, најпрво во група со три ривали, а потоа уште еден за конечен пласман.

Во групата 1 се селекциите на Чиле, Саудиска Арабија, Уругвај и Јужна Кореја, додека во групата 2 покрај Македонија, ќе бидат Алжир, како и најверојатно Тунис и Мароко, бидејќи се очекува да загубат од Данска, односно Хрватска.

Првиот меч Македониja треба да го игра против Алжир на 19 jaнуари.