Кариоките убедливи на јужноамериканскиот двобој

Натпреварот меѓу претставниците од Јужна Америка, Бразил и Уругвај, заврши со убедлива победа од 37:17 за Бразилците.

Бразил одлично го започна натпреварот и со головите на Мораеш и Торијани стигна до водство од 3:1 во првите минути од натпреварот. Уругвајците имаа проблеми со реализација на нападите, а дел од направените технички грешки беа причина за водството на Бразил од 5:2 по десет минути игра.

Свои моменти имаше голманот на Уругвај, Андреас Виера кој ги врати неговите соиграчи во игра. Добрата одбрана на Бразил и избрзаните напади на Уругвајците кои беа без идеја и решение, сето тоа го искористија искусните ракометари на Бразил и на полувреме имаа убедливо водство од 18:7.

Второто полувреме помина во доминантна рутинска игра на Бразил. Со серија од 6:0, Бразил стигна до највисока предност од 24:7 во првите осум минути во вториот дел. Првиот гол ракометарите на Уругвај го постигнаа дури во 39. минута преку Габриел Чапаро.

Поставената одбрана на Бразил, 6-0 беше нерешлива загатка за ракометарите на Уругвај и тие тешко доаѓаа до позиција да постигнат гол. Бразил до крајот со својата втора постава на терен запиша убедлива победа. Останатите десет минути беа само формалност, а Бразилците и покрај високото водство не дозволија да примат повеќе од 17 голови.

Во својот дебитански настап на Светското првенство во Египет, селекцијата на Уругвај ги заврши игрите со уште еден пораз и без ниту една победа на Мундијалот.

25 јануари 2021
37 - 17
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 јануари 2021 17:27 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 25.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БРАЗИЛ1837Победа
УРУГВАЈ717Пораз

БРАЗИЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Мајк Сантосголман00
4Жоао Силвацентрален бек03
5Гиљерме Торијанилево крило04
11Клебер Андраделево крило00
13Рожерио Мораеспивот05
16Ранхел Да Росаголман00
19Фабио Чиуфадесно крило03
25Винициус Тешеирапивот01
30Артур Патриановацентрален бек13
33Леонардо Дутралев бек00
34Жозе Лучано-17
35Тиаго Понсианолев бек00
37Ханиел Лангаролев бек02
77Рудолф Хакбартдесно крило05
89Цезар Алмеидаголман00
95Густаво Родригесдесен бек04
 Вкупно 237

УРУГВАЈ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Луис Фелипе Наваретеголман00
2Габриел Чапаропивот03
4Факундо Листонпивот01
9Николас Фабрацентрален бек00
10Габриел Спангенбергдесен бек01
13Максимо Естебан Кансиодесен бек00
15Бруно Мендезпивот01
16Фелипе Гонзалесголман00
17Диего Морандеирадесен бек01
19Родриго Ботехарацентрален бек01
20Федерико Руболево крило12
22Себастијан Весинолев бек03
24Алехандро Веласколев бек01
34Херонимо Гојоагадесно крило13
36Кристијан Ростањо Риослево крило00
40Максимилијано Де Агреладесен бек00
 Вкупно 217

Officials

Судии:
Самир Кричен -Тунис
Самир Маклуф -Тунис
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШПАНИЈА54018
2СЛОВЕНИЈА53026
3ПОЛСКА52034
4ЦРНА ГОРА51042
5ИРАН50050