Карабатиќ, Раул и Хансен „направија“ хаос во Букурешт

Актуелниот романски шампион Динамо Букурешт со победата над Спортинг Лисабон обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите, за првпат откако елитната конкуренција се игра во овој формат.

Романскиот тим за реваншот против Спортинг во салата „Поливалента“ билетите ги распродаде за неколку минути, но за дуелот против ПСЖ што ќе се игра на 22 март, Динамо има големи проблеми и продажбата траеше подолго.

Сајтот преку кој се продаваа билетите поради преголемата фрекфенција, често беше надвор од функција, па голем дел од навивачите останаа без важното парче хартија.

Најефтините билети за дуелот меѓу Динамо Букурешт и ПСЖ чинеа 385 денари, додека најскапите 1030 денари.