Како Петковиќ ги мотивирал Русите пред дуелот со Словенија

Селекцијата на Русија во второто коло од Светското првенство во Египет одигра одличен натпревар против Словенија и запиша победа со резултат 31:25. Победа со која обезбеди место во втората фаза од натпреварувањето.

Селекторот на Русија, Велимир Петковиќ, за рускиот „Брз Центар“ ја опиша атмосферата и неговиот мотивациски говор на неговите ракометари пред да излезат на дуел со фаворизираната Словенија.

„Ајде да излеземе и да видиме како овие ракометари од Кил, Барселона и Веспрем не се непобедливи. Покажете им кои сте вие. Ако не нападнат добро, ние добро ќе се одбраниме за да нѐ можат да дишат. Сакам да одите двајца ракометари кога некој ќе нападне од нивна страна. Тие имаат одлични брзи ракометари, па да не им дозволуваме да прават ништо”, им рекол Петковиќ на ракометарите.

Русија следниот натпревар го игра утре со Јужна Кореја со почеток од 15:30 часот.