Репрезентативците на Србија со победата против Бугарија во последниот ден на кадетскиот турнир, Скопје 2019 стигнаа до трофејот со максимални 12 поени.
Селекциите на Македонија имаа променлива форма. Тие имаа ден во кој имаа победа и пораз против БиХ, а триумфот дојде од страна на втората екипа. Утре од 10 часот во меѓусебен дуел ќе се пресметаат за подобар пласман, а се очекува интересна средба.
Во зависност од резултатот ќе се знае каков ќе биде пласманот од 2. до 4. место. Може да се направи круг на три репрезентации со по шест бода, па да решаваат резултатите од меѓусебните пресметки така што уште сè е во игра.
КАДЕТСКИ ТУРНИР – СКОПЈЕ 2019
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА Б – СРБИЈА 24:31 (11:17)
МАКЕДОНИЈА А – БУГАРИЈА 31:22 (16:12)
БИХ – СРБИЈА 27:31 (12:18)
МАКЕДОНИЈА Б – БУГАРИЈА 32:25 (17:14)
БИХ – БУГАРИЈА 46:25 (22:13)
МАКЕДОНИЈА А – СРБИЈА 25:28 (11:14)
БУГАРИЈА – СРБИЈА 14:27 (6:13)
БИХ – МАКЕДОНИЈА Б 28:29 (15:11)
МАКЕДОНИЈА А – БИХ 32:38 (16:21)
ПЕТОК, 13 ДЕКЕМВРИ
10:00ч
МАКЕДОНИЈА А – МАКЕДОНИЈА Б
ТАБЕЛА: 1. Србија 12 бода (117:90); 2. БиХ 6 (139:117); 3. Македонија Б 6 (85:84, -1 меч); 4. Македонија А 3 (88:88, -1 меч); 5. Бугарија 0 (86:136).