Кадетите денеска заминуваат за Германија – еве кои 16 ракометари ќе играат на силниот турнир

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска заминува за Германија, каде што ќе биде дел од силниот турнир „Шпаркасе Куп“.

За Германија патуваат 16 ракометари, но Македонија нема да биде во најсилниот состав. Од 23 ракометари на кои првично се сметаше, најпрво отпадна десното крило Александар Петковски, кој е на подготовките со сениорите за Светското првенство.

Поради повреда отпаднаа од комбинација Самоил Ристевски, Тодор Узунчев, Михаил Тотиќ и Кристијан Стаменковиќ, а нема да патуваат ниту Андреј Глигоров и Јован Даневски.

Тоа значи дека повеќе шанса ќе добијат левиот бек Стефан Милков од Тиквеш, потоа Дамјан Митев од Мулти Есенс, кој игра одлично во Првата лига, потоа Петар Стојановски од Голден Арт 2…

Македонија на 27 декември игра со Австрија, на 28 декември ќе се соочи со Германија и Холандија, додека на 29 декември ќе има уште два меча за пласман со ривали од другата група во која се Исланд, Египет, Швајцарија и домаќинот – клубот Сарланд.

Состав на Македонија: Брестовац, Галевски, Митев, Субашевски, Стојановски П. Стојановски М., Стојановски А., Николоски, Милков, Шулески, Калајџиески, Димковски, Узунчев Д., Белистојаноски, Карасманакис, Михајловиќ.