Кадетен Шафхаузен пак е првак на Швајцарија, три пати славеше против Винтертур

Тимот на Кадетен Шафхаузен не ја повтори грешката од минатата година и успеа да го освои шампионатот на Швајцарија.

Кадетен Шафхаузен славеше на третиот финален натпревар против досегашниот првак Фади Винтертур со 29-26 и со 3-0 во победи стана шампион.

Ова беше 12 титула за Кадетен Шафхаузен, а со тоа ќе добие шанса да аплицира за вајлд-карт за Лигата на шампионите.

Кадетен Шафхаузен оваа сезона беше ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, а беше елиминиран во четвртфиналето.