ИХФ не може да крене глава – и Зеленортските Острови пријавија позитивни случаи!

По Шведска, Чешка, Бразил, САД, во текот на вчерашниот ден се откриени и најмалку седум позитивни случаи на коронавирус во еден од дебитантите на Мундијалот, Капе Верде или Зеленортските Острови.

Тие тренираа и се подготвува во Лисабон во Португалија, вчера добија дури 15 позитивни резултати на брзите тестови, а потоа со ПЦР тестови било утврдено дека има седум заразени ракометари.

Селекцијата сега е во карантини, а треба да патува за Египет на 14 јануари, но се уште не е јасно како ќе се изведе тоа, со оглед на тоа што оваа репрезентација нема многу ракометари на располагање.

Домаќинот на СП, Египет, исто така има големи проблеми со справувањето со пандемијата, бележи рекордни броеви на заразени, па ИХФ ќе има тешка задача да го организира Мундијалот во најдобро можно светло.

Ако Капе Верде не е во можност да патува на СП, тогаш Македонија ќе ја добие шансата за настап, а во позадина ќе чекат свои шанси Швајцарија, Србија…СП започнува утревечер со дуелот меѓу Египет и Шведска.