Ин мемориам: Почина легендата на Борец, Петре Тутарков

Како што јавуваат локалните портали легендарниот пивот на Борец од Велес, Петре Тутарков почина вчера во вечерните часови.

Тутарков почина на 65-годишна возраст. Станува збор за еден од најдобрите играчи на сите времиња во Борец и ракометар кој долго настапуваше за оваа екипа. Тој беше дел од тимот во 70-тите и 80-тите години на минатиот век и остави длабока трага во клубот кој беше и шампион на Македонија.

Петре Тутарков беше еден од милениците на навивачката група „Гемиџии“. После завршувањето на играчката кариера беше и дел од раководството на клубот.