Импресивни бројки од Данска: 2,1 милион Данци го гледаа голот на Ласе Сван за полуфинале

Импресивни бројки на гледаност денес пристигнаа од Данска. Ракометната драма која се случуваше за место во полуфиналето меѓу домаќинот Египет и Данска, беше вистински шок за ракометните фанови во скандинавската земја. Изедначена борба до самиот крај, црвени картони, продолженија, пенали…

Херој на натпреварот беше репрезентативецот на Данска, Ласе Сван. Искусниот ракометар на Флензбург беше психолошки концентриран во пенал продолженијата и со својот гол ја однесе својата репрезентација во полуфинале.

Натпреварот кој ги надмина сите очекувања и прогнози беше проследен од повеќе од два милиони гледачи во Данска. Во последните секунди од натпреварот и решавачкиот гол на Ласе Сван, во тој момент канал ТВ 2 од Данска забележал импресивна гледаност од 2,1 милиони гледачи.

Данска во полуфиналето силите ќе ги одмери со селекцијата на Шпанија. Во другото полуфинале се среќаваат Франција и Шведска. Средбите се играат утре.