Измени кај сениорките, повикани две нови ракометарки за собирот во понеделник

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски направи принудна измена во составот за подготовките во следната недела и за дуелите против Србија откако мораше на местото на Марија Штериова да повика две други ракометарки.

На списокот на повикани ракометарки за овој собир се најдоа и Јована Кипријановска и Борјана Коцева. Двете беа на листата на резерви, но ќе добијат шанса и в понеделник треба да се појават на прозивката.

Што се однесува до другите девојки тие остануваат на списокот и се очекува в понеделник да ги почнат подготовките за двете контролни средби против Србија.

Инаку, Македонија ќе очекува и настап на Мундијалот. Доколку некоја екипа биде спречена да настапи тогаш Македонија како прва резерва ќе добие место на шампионатот во Шпанија.

Савевски објави список за ЕХФ неделата: Без Ѓорѓиевска, но со Саздовска, Штериова, Седлоска….