Извлечени групите во ЛЕ: Ако го мине Рајн Некар, Вардар ќе игра против Талески и Бенфика!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на Европа. Покрај Вардар, Македонија ќе има уште еден претставник, а тоа е вицепрвакот – тимот на Кире Лазаров.

Овој тим, кој во првата сезона во Европа доби директно место во групната фаза од второто по ранг клупско натпреварување, ќе игра во групата Ф против данскиот Силкеборг, шпанската Ла Риоха и српската Војводина.

Вардар, пак, доколку го мине големиот фаворит Рајн Некар Левен, ќе биде дел од групата А и би играл против францускиот Нант, шведскиот Кристијанштад и португалската Бенфика, каде што игра Филип Талески.

Групната фаза стартува на 17 октомври, а до декември ќе бидат одиграни шест кола. Првите две екипи во групата продолжуваат во главната рунда и ги пренесуваат бодовите од групната фаза.

Лига на Европа, 2023/24:

група А: Нант, Кристијанштад, Бенфика, Вардар/Рајн Некар
група Б: Горњик Забже, АЕК Атина, Криенс Луцерн, Иштад/Хановер
група Ц: Куенка, Горење Велење, Савехоф, Агуаш Санташ/Винтертур
група Д: Нексе, Повашка Бистрица, Скјерн, Тримо Требње/Брага
група Е: Кадетен Шафхаузен, Елверум, Фленсбург, Ловќен
група Ф: Силкеборг, Алкалоид, Ла Риоха, Војводина
група Г: Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Шамбери, Извиѓач
група Х: Спортинг Лисабон, Татабања, Хобри Глогов, Констанца/Гранољерс